Рома направи уште еден трансфер удар во последните моменти на трансфер прозорецот, откако официјално го ангажираше играчот од средниот ред на Арсенал, Хенрих Мхитарјан до крајот на сезоната, но во договорот меѓу двете страни има опција за откуп.
Мики премина на „Емирати” од Манчестер Јунајтед во 2018 година, во договорот кој го однесе Алексис Санчез во спротивна насока и одигра 59 натпревари за „топџиите” во кои реализира 9 гола.
Сепак, тој не влегува во сметките на Унаи Емерии неговиот трансфер беше логичен потег.