Србија ги штелуваше нишанските справи против Филипини

Првиот фаворит на Светското кошаркарско првенство според ФИБА, селекцијата на Србија во второто коло од групата Д си ги штелуваше нишанските справи во дуелот со Филипини (126:67). Избраниците на селекторот Александар Саша Ѓорѓевиќ го полнеа кошот од сите страни. Шутираа како на тренинг.

Селекцијата на Филипини не му беше достоен ривал на фаворитот Србија. Конечниот резултат 126:67 најдобро зборува за сето она што се случуваше на паркетот во кинескиот Фошан. Ѓорѓевиќ им даде шанса на сите кошаркари кои ги имаше на располагање.

На крајот најефикасен беше Немања Бјелица со 20 поени и 100% реализација на шут од сите позиции, што преставува дополнителен куриозитет на мечот. Бјелица биеше 4/4 од поле, 3/3 за три поени и 3/3 од линијата за слободни фрлања.

Но тој не беше единствениот кој имаше 100% реализација. Сличен ефект остварија и Симоновиќ, Милутинов и Јокиќ.

Треба да знаете
Последни објави