На 01.09.2019 во 18.40 часот на крстосницата од улиците „Страшо Пинџур“ и „Ило Костов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл „џонвеј“, управуван од М.Г.(40) од Кавадарци, непознато возило, кое го напуштило местото, а притоа бил удрен пешакот Б.Ј.(89) од Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за расчистување на случајот.