Неколку часа пред затворањето на трансфер прозорецот, Јувентус потпиша со 20-годишниот Хан Куан-сон од Каљари.
Напаѓачот од Северна Кореја доаѓа за 5 милиони евра, соопшти „Скај”. Шампионите планираат да се потпираат на него претежно во вториот тим, но тој ќе тренира со првиот.
Хан четири години е во сопственост на Каљари, а во последните две сезони беше позајмен во Перуџа во Серија „Б”, постигнувајќи 11 голови на 39 натпревари за овој тим.
Азиецот е цел на Јуве уште од јануари 2018 година. Тој влезе во историјата со тоа што стана првиот играч од Северна Кореја што забележал учество во натпревар од Серија „А”.