Нов Зеланд ја спакува Црна Гора

Нов Зеланд ја спакува Црна Гора за  враќање дома од мундобаскетот со триумфот во второто коло од 93:83. Ова е втор пораз за Црна Гора во групата Ф откако на стартот загуби и од Грција.

По овој пораз само теорија и остана на Црна Гора да се најде во следната фаза. За тоа да се случи, Бразил и Нов Зеланд треба да загубат убедливо од Грција, а избраниците на Звездан Митровиќ убедливо да ги победат „кариоките“ в четврток.

Селекторот Звездан Митровиќ  беше исклучен во првиот дел од натпреаврот, а Црногорците заработија вкупно четири технички грешки на овој меч. Црногорците сигурно ќе имаат бројни замерки кон судиите поради техничките грешки.

Вебстер со 25 поени, шест скока и седум асистенции беше најефикасен кај Нов Зеланд, зад него беше Фоту со 20 поени и 7 скока. Во редовите Црна Гора, Ивановиќ беше најрасположен за поентирање со 18 коша.

.

 

Треба да знаете
Последни објави