„Окружието на Конески”, нова книга од Димитар Пандев

Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” ја објави книгата „Окружието на Конески” од Димитар Пандев.

Како што информира Фондацијата „Небрегово”, во книгата Конески е претставен во редот на македонските константи на XX век, Крсте Мисирков и Кочо Рацин, меѓу светската лингвистика и славистика.

Преку македонските културни акции, како што се наведува, Конески имал главен збор во кодификацијата на македонскиот јазик, основањето на универзитетот, како и меѓу неговите најблиски соработници од областа на македонистиката, и пошироко, од македонската литература и културна историја.

„Окружието на Конески” е работена на фонот на целокупното дело на Конески, на фонот на литературата за Конески, како и на македонистиката и општата лингвистика која кореспондира со творештвото за Конески.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на шести септември во 12 часот во Спомен-домот „Блаже Конески” во Небрегово.

Треба да знаете
Последни објави