Почина авторот на „Пинки и Мозокот” и „Аниманијаци”
Авторот на легендарната цртана серија „Пинки и Мозокот”, сценаристот Гордон Бресак почина викендов, на 68-годишна возраст. Тажната вест на Инстаграм ја објави неговиот син Џејмс Кален Бресак.
– Нема зборови со кои може да опишам како се чувствувам во овој миг. Ти ми беше ментор, мој партнер во пишувањето, мојот херој, најдобриот пријател, но пред сѐ – ти ми беше татко, напиша Џејмс, кој исто така, е сценарист и продуцент.
Бресак ги пишуваше и сценаријата за „Аниманијаци”, „Џими Неутрон”, „Нинџа желки”, „Штрумфови” и многу други проекти. За „Пинки и Мозокот” доби и две Еми награди, во 1999. и 2000 година.