Владата на денешната седница усвои Протокол за соработка со Хашемитското Кралство Јордан во областа на земјоделството.
Протоколот, како што соопшти владината прес-служба, ќе го потпишат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство на Хашемитското Кралство Јордан.
Владата го овласти министерот за земјоделство, Трајан Димковски да го потпише протоколот.