Австралија преку Сенегал до втората фаза

На Светското кошаркарско првенство Австралија не блескаше против Сенегал во второто коло од групата Х, но победи 81:68 (18:16, 18:17, 24:17, 21:18) и си обезбеди пласман во следната рунда. Најефикасен во победничкиот состав беше Милс со 22 поени, зад него беше Инглс, кој беше близу до трипл-дабл со 17 поени, 10 скока и 9 асистенции. Кај Сенегал, Далмеида постигна 14 поени, Ндур и Ндоје имаа еден поен помалку.

Австралија одигра најдобро во третата четвртина, доволно за да го осигура вториот триумф во групата. Со овие бодови, Австралија остана на првото место на табелата, а во последното коло силите ќе ги одмери со Литванија.

Треба да знаете
Последни објави