Обуките и сите други настани за административците што ги покрива државата, да се организираат во домашните туристички центри за да се поддржат локалните туристички бизниси и да се зголеми претприемначкиот дух, предлага Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Агенцијата денеска на владина седница ги презентираше овие препораки, а целта е, како што наведува прес-службата на Владата, јакнење на домашниот туризам.
-Една од важните придобивки е и фактот што средствата одвоени за реализирање различен вид обуки и настани, ќе останат во рамки на домашниот буџет, стои во соопштението.