Македонската фудбалска експедиција се комплетира во Израел, за дуелот со соодветната домашна селекција в четврток во Бер Шева. По пристигнувањето „кралот“ на слободните удари како го насловуваат во Шпанија македонскиот интернационалец од Леванте, Енис Барди им порача на домаќините дека „црвено-жолитте“ се дојдени по трите бода. Македонија сака да се извади за двата домашни порази во јуни од Полска и Австрија и да остане во игра за втората позиција и пласман на завршницата од ЕП-2020.
Избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме по четири одиграни кола имаат четири бода, три помалку од Израел кој моментално е на второто место. Со триумф во Бер Шева и во Рига на 9 септември против аутсајдерот Летонија, Макеоднија пак ќе биде во игра за второто место до крајот на квалифиакцискиот циклус.
-Ако победиме со Израел и Летонија нашите шанси за настап на ЕП-2020 остануваат. Загубивме дома значајни бодови, сега е време да ги надоместиме на гостински терен. Работата не е лесна, но ќе се обидеме да освоиме шет бода. Ништо не е невозможно. Полска е фаворит во групата, лидер, но се надевам дека и ние можеме да се замешаме во тракта за второто место. Дојдовме да победиме – им порача Барди на израелските новинари во пресрет на натпреварот.
Македонија пред две години со погодокот на капитенот, искусниот Горан Пандев го совлада Израел. Пандев повторно ја предводи подмладената македонска селекција.