Претседателот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Joзеп Марија Бартомеу ги смета за крајно неприфатливи барањата од ПСЖ за трансфер на напаѓачот Нејмар. Според „Ел Мундо Депортиво”, парискиот клуб побарал 150 милиони евра за Бразилецот, како и играчите Тодибо, Ракитиќ и Дембеле за позајмица.
– Готово. Нема да бидеме смешни пред целиот фудбалски свет, изјави Бартомеу.
Нејмар во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.