Бизнисменот Амзоски на распит кај Русковска
Бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“, утринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“ пишува Фокус.
Како што е познато, Амзоски на Мемународниот сојуз на Боки 13 му исплатил 261.853 евра. Од компанијата неодамна преку соопштение појаснија дека склучиле договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на 28.12.2017 година.
– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот суд Скопје, стои во соопштението.
Во истрагата за „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Извор: Фокус