Членовите на италијанското Движење 5 ѕвезди поддржаа предложена коалиција со Демократската партија со што се отвора пат за формирање нова влада.
– Во онлајн гласање 79,3 отсто од приврзаниците на Движењето гласаа во корист на соработка со Демократската партија, а 20,7 отсто беа против коалиција, изјави лидерот на Движењето, Луиџи Ди Мајо.
Гласањето значи дека премиерот Џузепе Конте може да ја заврши работата за составување нова Влада и да му претстави на претседтаелот Серџо Матарела список со предложени министри. Потоа, Конте треба да добие поддршка за доверба во двата дома на италијанскиот Парламент.