Демонстрант осуден на три години затвор во Москва

Окружниот суд во Москва го осуди Иван Подкопајев на три години затвор поради насилство над полициски службеник за време на протестите кои се одржаа во јули во Москва. Спроед информациите, се работи за познат блогер.

„Судот го смета за виновен и го осудува на три години затвор“ соопшти судијата Александар Меркулов.

Петнаесет лица се обвинети за насилство над полицајци за време на демонстрациите во Москва на 27 јули.

Истражниот Комитет потврди дека е отфрлена кривичната пријава против пет лица. Исто така, како што се наведува, ќе биде поднесено барање до судот двајцата демонстранти да се упатат во домашен притвор.

Треба да знаете
Последни објави