Де Лихт најдобар играч во Холандија за минатата сезона

Де Лихт најдобар играч во Холандија за минатата сезона

Во Амстердам синоќа се одржа церемонија за доделување награди во повеќе категории на најдобрите фудбалери во првенството во Холандија сезона 2018/19.

Сите награди им припаднаа на претставниците на Ајакс, кој стана шампион на земјата, а исто така стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите. Дефанзивецот на Матијас де Лихт, кој сега игра за Јувентус, е прогласен за најдобриот фудбалер.

Наградата за најдобар млад играч отиде кај Френки де Јонг, кој летово се пресели во Барселона.

Наградата за најдобар стрелец ја поделија Душан Тадиќ (Ајакс) и Лук де Јонг, сега играч на Севилја.

Треба да знаете
Последни објави