Жена со нож забоден во вратот барала помош на Брач

Стравична глетка во Супетар на Брач. Маж од Финска и забил нож во вратот на жена. Инцидентот се случил по претходна расправија кога Финецот се одлучил со нож да ја прободе 12 години помладата жена. Со нож во вратот, жената истрчала од станот во кој биле сместени и побарала помош.  Веднаш со хеликоптер е префрлена во сплитската болница.

Напаѓачот веднаш е уапсен и приведен во полициската станица во Супетар, од каде соопштиле детали за страотната глетка.

-Вчера доцна попладне добивме пријава дека во Супетар е повредена жена, која има убодна рана. Во полициската станица е доведен маж кој е осмничен дека го извршил нападот. И мажот е одведен на лекарски преглади, бидејќи имал полесни телесни повреди како расекотини и удари во раката  и ногата. Жената која е на 59 годишна возраст е странски државјанин и е префрлена во сплитската болница каде е задржана на натамошно лечење, бидејќи има тешки телесни повреди со повеќе убодни рани- пренесуваат хрватските медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави