Во Њујорк заврши епидемијата на сипаници концентрирана во Бруклин, соопштија здравствените власти.
Градскиот комесар за здравство, Окирис Барбот изјави дека вонредната состојба, која беше прогласена во почетокот на оваа година заради ширење на сипаници, е укината, пренесува АП.
За време на избувнувањето на епидемијата, градот им нареди на жителите во претежно еврејските населби да се вакцинираат или да се соочат со парични казни.
Барбот предупреди дека сè уште постои опасност од зараза и ги повика њујорчаните да ги вакцинираат децата пред новата учебна година.