Македонија генералка за дебитантскиот настап на ЕП ќе има во Австрија

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе го одработи последниот тренинг во Скопје и ќе замине на дебитантски настап на Европското првенство, кое ќе се одежи во четири земји од 13 до 29 септември, во Словенија, Франција, Холандија и Белгија. Македонија ќе настапи во групата Ц која ќе се игра во Словенија, а покрај селекцијата на домаќинот за ривали ќе ги има и Русија, Финска, Турција и Белорусија.

Генералната проба за овој историски предизвик избраниците на македонскиот селектор Никола Матијашевиќ ќе ја направат  в четврток во Виена каде ќе ги одмерат силите со соодветната селекција на Австрија.

За настапот на завршницата од ЕП, Матијашевиќ одбра 18. мина одбојкари на кои ќе смета на завршниот турнир.  

 

Треба да знаете
Последни објави