Македонија некомплетна тргна за Израел

Македонската фудбалска експедиција некомплетна утрово со чартер-лет замина за Израел, каде в четврток ќе го одигра петтиот натпревар од квалификациската група за пласман на ЕП-2020. Противник ќе и биде  соодветната селекција на домаќинот Израел во Бер Шева.

На еднодневниот собир во Скопје недостасуваа: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Стефан Спировски и Столе Димитриевски, кои на експедицијата ќе и се приклучат во Израел.

Меѓу патниците на селекторот Игор Ангеловски се најде и Аријан Адеми кој тренираше со намален интензитет на единствениот тренинг одржан во Скопје и се очекува целосно да биде оспособен за настапите на двата квалифиакциски дуели. Македонската експедиција од Израел дирекно се сели во Летонија каде на 9 септември ќе игра со аутсајдерот во групата.

Треба да знаете
Последни објави