ОН: САД, Велика Британија и Франција можни соучесници во воени злосторства во Јемен

САД, Велика Британија и Франција можно е да се соучесници во воени злосторства во Јемен преку вооружувањето и обезбедување разузнавачка и логистичка поддршка на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, се вели во денеска објавениот извештај на ОН. Во него се потенцира дека таа коалиција како воена тактика користи изгладнување на цивилното население.

Истражители од ОН составија таен список на осомничени за евентуални воени злосторства, врз основа на извештај за прекршувања во јеменскиот конфликт меѓу коалицијата на арапските држави и движењето Хути.

Истражителите идентификуваа можни злосторства од обете страни на конфликтот, притоа истакнувајќи ја улогата што западните земји ја играат како клучни поддржувачи на арапските земји и Иран како поддржувач на Хутите. Во извештајот се обвинува коалицијата за убиство на цивили во воздушни напади и намерно лишување цивили од храна во услови кога популацијата во Јемен е погодена од глад.

Треба да знаете
Последни објави