Осум деца починаа по нападот во училиште во Кина

Осум деца починаа по вчерашниот напад во основно училиште во Кина, соопшти полицијата. Нападот се случи во утринските часови во основно училиште на првиот ден од училишната година во градот Енши, во централната кинеска провинција Хубеи.

Сите повредени ученици беа итно хоспитализирани, но само две деца го преживеаја нападот.

Полицијата досега не откри каков вид напад е извршен, дали напаѓачот имал оружје и кои биле мотивите да ги нападне децата.

Според локалните медиуми, мажот не бил женет и претходно му било судено за обид за убиство. Полицијата засега не ги потврди овие информации.

Треба да знаете
Последни објави