Павлески нема да ја брани Катица

Адвокатот Стеван Павлески, кој дојде на распит со осомничената специјална обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше кај судија на претходна постапка од мерката притвор, ѝ го откажал полномоштвото- пишува СДК.

„Точно е дека го откажав полномошното на госпоѓа Јанева, продолжувам да ги застапувам моите досегашни клиенти во предметите на Специјалното обвинителство“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК адвокатот Павлески, кој е поранешен Државен обвинител.

Тој денеска дојде на судењето на „Траекторија“ за кинеските автопати, каде што го брани обвинетиот ексдиректор на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски. Павлески е адвокат и на осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески, што значи во две обвиненија на СЈО, поднесени од Јанева. На 22 август, по притворањето на Јанева, шефицата на ОЈО за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која ја води истрагата „Рекет“, изјави дека Павлески има конфликт на нтереси и оти не може истовремено да биде бранител и на Катица и на обвинети од неа.

Рускоска кажа дека на нејзино инсистирање, адвокатската канцеларија на Павлески си зела обврска едното од полномоштвата да го откаже и оти изборот паднал на Јанева. Павлески тогаш се изјаснил дека повеќе нема да биде адвокат на Георгиевски и на Панделески, но според денешниот негов ангажман, се виде дека одлучил спротивното да го направи.

По притворањето на Јанева, Павлески како нејзин бранител кажа дека таа сепак не оставила впечаток кај него дека е обвинител кој секогаш инсистирал на мерка притвор.

 

Треба да знаете
Последни објави