Приведен поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски
Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко.
МВР го потврди приведувањето на поранешниот пратеник и ривал на Тито Петковски за позицијата лидер на НСДП, Љубомир Јосифовски кој синоќа бил одведен на распит.
Од МВР информираат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР вчера по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар и по консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода 46-годишниот Љ.Ј. од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251.