Воен борбен авион Су-25 се урна во Северен Кавказ, јавија руски медиуми повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.
Авионот полетал од Будаоновск, а засега е нејасна причината за уривањето.
Според првичните податоци, двајцата пилоти се катапултирале, но не се пронајдени.
Спасувачки хеликоптер беше испратен на местото во потрага по пилотите.
Авионот е наменет за подготовка на пилоти, како и за учество во мисии за директна поддршка на копнените сили, уништување непријателски оклопни возила и друго.