Унгарското обвинителство обвини Сириец дека бил член на терористичката организација Исламска држава и дека извршил терористички дела и злосторства против човештвото.
Хасан Ф. (27), кој командувал со вооружената група Исламска држава и бил уапсен во Унгарија во март годинава, сега се соочува со доживотен затвор, изјави државниот обвинител Тибор Иболија за МТИ.
Според обвинението, мажот наредил повеќе погубувања во својата татковина во мај 2015 година.
Во тоа време, биле убиени 25 лица, меѓу кои и жени и деца.
Се сомнева дека Хасан Ф. лично учествувал во јавното обезглавување на локалниот имам, како и во убиството на најмалку две други лица.
Тој, исто така, наводно пукал во друго лице, рече Иболија.
Истрагата се одвивала во неколку други земји членки на ЕУ, вклучително и Малта, Белгија и Грција, каде што биле сослушани можните сведоци.