Утре целосно затворена за сообраќај улицата Индира Ганди

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи, од  утре (04.09.2019 година, среда) од 7 часот наутро целосно ќе биде затворена за сообраќај улицата Индира Ганди, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до крстосницата со улицата Бутелски венец.

Овој потег на улицата ќе биде затворен до завршување на градежните работи.

 

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи во рамки на проектот за реконструкција на улицата Индира Ганди, поточно, поради финално асфалтирање на улицата.

 

Град Скопје апелира граѓаните да го почитуваат привремено воведениот сообраќаен режим и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.

 

Треба да знаете
Последни објави