Федерер: Григор е мој пријател, сакам да играм против него

Роџер Федерер ги сподели очекувањата за претстојното четвртфинале против Григор Димитров на „Ју Ес Опен”.

– Тој беше првиот со кој тренирав кога се симнав од авионот. Го познавам Григор многу добро. Тој е мој добар пријател. Поминав една недела со него овде. Мило ми е што работите одат добро за него, изјави Швајцарецот пред судирот со Григор. вечерва.

Досега двајцата играа седум пати, а седум завршија со победи за Федерер.

– Пред неколку години, тој го освои Мастерсот во Синсинати, исто така, и последниот Мастерс во Лондон, но тогаш дојде до голем пад. За него ова четвртфинале е голем успех и одлична можност. Да, досега секогаш победувам на натпреварите против него, но ова е нов натпревар, нов Григор и нов јас. Ми се допаѓа неговата игра, сакам да играм против него, рече Федерер

Треба да знаете
Последни објави