Чамец со 58 бегалци и мигранти нелегално сакал да ја напушти Грција

Припадници на крајбрежната служба во Кефалонија и Лефкада вчера откриле чамец со 58 бегалци и мигранти и уапсиле две лица под сомнение дека се криумчари, jави дописничката на МИА од Атина.

Конкретно, патролен брод на крајбрежната служба во морскиот дел јужно од Кефалонија, го забележал чамецот „SUN LEGENDE 41″, во кој нелегално се превезувале 58 лица, заедно со двајцата уапсени криумчари – странски државјани на возраст од 25 и 28 години, а имале намера нелегално да ја напуштат Грција. 

Треба да знаете
Последни објави