Холивудскиот актер Чарли Шин (54) некогаш владеел со холивудскиот свет и заработувал 1.800.000 долари неделно за неговата улога во серијалот „Два и пол мажи“. Неговата слава, појавување, но и заработката се значително намалени во последните години.
Чарли денес го прославува својот 54. роденден, а зад себе има многу скандали и бурен живот со кој ги полнеше насловните на светските медиуми. Сето тоа придонесло неговото богатство да изнесува помалку од 10 милиони долари, додека во екот на популарноста располагал дури со 1 милион долари.
Шин поминал низ различни фази од својот живот, од дрогирање и алкохолизам, признание дека е ХИВ-позитивен, па се до вежбање јога и здрав живот. На крајот на 2015 година откри дека е ХИВ-позитивен, дека спиел со повеќе од 5.000 жени и дека најверојатно бил заразен со транссексуална проститутка со која имал односи.