Актерката Шарлиз Терон (44) ќе глуми во деветтото продолжение на акцискиот филм „Брзи и бесни“, и во целост го промени својот имиџ за потребите на филмот.
Убавата холивудска актерка е бринета веќе некое време и има пократка коса, но сега ја смени фризурата, па има прамени и прилично кратка фризура.
Шарлиз објави фотографија на „Инстаграм“, и само напиша: „Се вратив“.
Деветтото продолжение на филмот „Брзи и бесни“ ќе биде премиерно прикажано на 10 април 2020 година, а покрај Шарлиз глумат и Вин Дизел, Џон Сена, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон и други.