Најмалку пет лица загинале на островите Абако во ударот на ураганот Доријан, соопшти премиерот на Бахамите, Хуберт Минис. Разорниот ураган, окарактеризиран како најсилниот досега што ги погодил Бахамите, донел ветер со брзина од околу 205 километри на час, а останал на Бахамите 40 часа.
Así quedó la isla Abaco en las Bahamas, luego del paso del huracán Dorian.
Vídeo: Suministrado pic.twitter.com/thHTYAq7Mx
— El Foro de Puerto Rico (@elforopr) September 3, 2019
Доријан во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен, a се движи кон Флорида, САД.
„Се наоѓаме среде историска трагедија“, рекол Минис.
Според податоците на Американскиот Центар за урагани, Доријан е најсилниот ураган што некогаш ги погодил Бахамите.
Folks, Miami is outside the cone of danger. This is our current situation. There are parts of Florida and other states that will feel the effects of #Dorian much more. Take this very seriously. This shit is for real. For the love of God, heed the evacuation warnings. Stay safe. pic.twitter.com/NJiCRFzrRn
— Ana Navarro-Cárdenas (@ananavarro) September 2, 2019
Жителите сè уште се наоѓаат во засолништата, без електрична енергија. Ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите каде се уништени куќи и поплавени цели населби.
Доријан сега се движи кон брегот на САД. Националниот центар за урагани со седиште во Мајами ги предупреди жителите на Флорида да не ги напуштаат засолништата додека не помине ураганот.
Во девет окрузи на Флорида е наредена задолжителна евакуација. Откажани се летовите, а бензинските станици и продавниците се затворени.
Научниците предупредуваат дека климатските промени влијаат на интензитетот на ураганот затоа што со затоплување на океанот и на површината на водата, бурите добиваат поголема енергија, што може да доведе до пообилни врнежи од дожд и посилен ветер.