Конте бара поддршка: Не ни се потребни суперхерои

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ги повика членовите на движењето Пет ѕвезди да ја поддржат новата коалиција со опозициската Демократска партија, наведувајќи дека предложената влада може да ја трансформира Италија.

Приврзаниците на Пет ѕвезди денеска онлајн ќе гласаат дали се за коалиција со долгогодишните неистомисленици од Демократската партија.

– Ова е единствена шанса да покажеме дека навистина одлучно можеме да ја реформираме земјата. За да го направиме тоа, не ни се потребни суперхерои кои мојот син  многу ги сака. Доволно е да се има луѓе кои се нормални, одговорни и одлучни, кои ја сакаат својата земја повеќе од се друго, напиша Конте на Фејсбук.

Тој пред два дена изјави дека очекува до среда да ги финализира разговорите околу новата италијанска влада.

Треба да знаете
Последни објави