Младинскиот фудбалски состав на тетовска Шкендија кој ќе настапува во Лигата на шампионите со нивните врсници, натпреварување организирано од УЕФА, за противник го доби соодветниот тим на украинскиот Динамо Киев. Лигата во која се натпреваруваат фудбалските надежи на европски клубови почнува на 2 октомври.
Првиот меч Шкендија ќе го одигра на гости на 2 октомври, а во реванш ќе биде домаќин на 23 октомври. Ако ја поминат првата елиминаторна рунда фудбалерите на Шкендија во 2. коло ќе играат со подобриот од дуелот меѓу грчки ПАОК и Бохемианс од Р. Ирска.