„Ова место е пекол“: Братот на Aсанж за затворските услови во Британија

Габриел Шиптон, брат на затворениот ко-основач на Викиликс, на митингот во Лондон изјави дека британскиот затворски систем работи со максимални сили за да ја уништи и последната надеж што му останала на Џулијан Асанж, пренесува РТ.

Говорејќи на митинг пред британскиот Хоум офис во понеделникот, Шиптон ја опиша емотивната посета на својот ослабен и изгладнет брат, кој издржува казна од 50 недели во затворот „Белмарш“ за прекршување на условите за кауција во 2012 година.

Откако го прегрнал брат му за, како што мисли, последен пат, Шиптон опиша како потоа разговарал со својата ќерка, која прашувала зошто е затворен нејзиниот чичко.

„Дали тој направи нешто лошо, тато? праша таа. Се борев да ѝ објаснам на начин на кој ќе разбере петгодишник “.

Иако Асанж е затворен за прекршување на условите за кауција, неговите приврзаници тврдат дека казната е само период на задржување додека не се договори неговата евентуална екстрадиција во САД. Таму уредникот на Викиликс се соочува со затворска казна до 175 години за наводно поседување и ширење на класифицирани информации што изложуваат потенцијални воени злосторства извршени од САД.

Треба да знаете
Последни објави