ОН: Потребна храна за 60.000 луѓе на Бахамите

Официјални претставници на Обединети нации проценуваат дека ќе биде потребна храна за повеќе од 60.000 луѓе по катастрофалниот удар на ураганот Дориан на Бахамите.

Портпаролот на Светската програма за храна, Херве Верхосел, истакна дека нивниот тим е подготвен да и помогне на Владата на Бахамите да ги процени штетите и да одреди приоритети.

Прелиминарните пресметки покажуваат дека потребна е храна за 45.700 луѓе на Големиот остров, и за уште 14.500 во соседните острови Абако.

Во исто време, портпарол на Меѓународната асоцијација на Црвен крст и полумесечина истакна дека за 62.000 луѓе ќе биде потребно да имаат пристап до чиста вода за пиење.

Околу 45 отсто од домовите се уништени на островите, а организацијата ќе им помогне на 20.000 најзагрозени лица.

Најмалку пет лица загинаа на островите Абако на Бахамите по ударот на ураганот Дориан што се движи кон Источниот брег на САД, каде се евакуирани над милион жители.

Треба да знаете
Последни објави