Еуфоријата со вториот едноподруго обезбеден настап на Црвена звезда во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите во Белград спласнува. Наместо да се прераскажуваат фудбалските подвизи на нивните миленици кои единствени тргнаа од првото квалификациско коло и стасаа до групната фаза, навивачите сега тагуваат. За да ги гледаат дуелите со Тотенхем, Баерн Минхен и Олимпијакос треба да го преполоват домашниот буџет, или пак да подигнат кредит, бидејќи раководството на „црвено-белите“ одреди високи цени за влезниците.
Според српските медиуми билетите скокнале за 60 одсто па дури и 100 одсто во однос на цените од минатат сезона. Влезниците кои чинеле 7.500 динари, сега истите ќе се продаваат по 12.000 динари, а оние од 18.000 динари сега чинат 36.000 динари.
Сепак, тагата на они кои нема да можат да си дозволата ваков луксуз можеби ќе им ја ублажи УЕФА, кој поведе постапка проотив Ц. звезда за слаба организација на натпреаврот како домаќин од плеј-офот со Јанг Бојс. Со оглед дека ваквите пропусти им се провлекуваат на „црвено-белите“ и на претходните мечеви лесно може да добијат казна за настап во групната фаза пред празни трибини.