Владата на британскиот премиер Борис Џонсон загуби мнозинство во Парламентот откако пратеник од Конзервативната партија се приклучи кон Либералните демократи.
– Оваа конзервативна влада агресивно воведува штетен Брегзит на непринципиелни начини, нагласи Филип Ли во писмото за оставка до Џонсон објавено на Твитер.
Ли ја обвинува Владата на Џонсон за „користење политичка манипулација, малтретирање и лаги”.
– И ги прави овие работи намерно, истакна Ли.
Лидерот на либерал-демократите Jо Свинсон твитна дека Ли се приклучува кон нејзината партија, која му се спротивставува на Брегзит, „во најважното време”.
Ли се приклучи на Унијата на либерални демократи во време кога Џонсон, во Долниот дом на британскиот Парламент, почна да дава изјава за самитот на Г-7.
– Заклучив дека не можам да им служам на најдобрите интереси на моите избирачи и на државата како конзервативен пратеник во Парламентот. Оваа конзервативна влада агресивно го форсира Брегзит на непринципиелен начин и поради тоа животите и средствата за живот се непотребно загрозени и неосновано се закана на интегритетот на Велика Британија, посочи Ли.