Капитенот и најискусен македонски фудбалски репрезентативец Горан Пандев е новата главоболка за селекторот Игор Ангеловски, покрај повредениот Аријан Адеми. Пандев има проблеми со слабините и неизвесно е дали ќе може да настапи на утрешниот квалифиакциски меч за ЕП-2020 со Израел во Бер Шева.
Пандев, кој беше стрелец на победничкиот гол за Македонија пред две години на гостувањето во Израел, според селекторот Ангеловски е неизвесен за почетниот состав, како и Адеми.