Адвокатот Миланов бара Лиле Стефанова да се изземе од „Титаник“

Адвокатот Еленко Миланов бара Лиле Стефанова да се изземе од „Титаник“. Според него таквиот негов предлог доаѓа заради тоа што Стефанова е сведок во предмет каде осомничена е специјалната обвинителка Катица Јанева. На почеток од судењето, Обвинителката Стефанова рече дека судот не треба да го прифати барањето за одложување на рочиштата кое на претходното судење го побараа адвокатите. Смета дека во овој момент Катица Јанева е се уште специјален обвинител и никакво право досега не и е одземено во однос на предметите кои ги застапува.

 

Треба да знаете
Последни објави