Ангола по продолжение стаса до третото место во групата

Кошаркарската репрезентација на Ангола ги победи Филипините во продолжение со 84:81 (21:20, 17:14, 18:12, 17:27 и 11:8) и заврши како третопласирана во групата Д на Светското првенство кое се одржува во Кина.

За Ангола ова беше прва победа на мундобаскетот отако убедливо загуби од Србија и Италија. До триумфот Ангола стигна во неизвесна завршница. Селекцијата на Филипини се избори за дополнителни пет минути, а во екстра времето Кефер Равен промаши за ново продолжение во последните секунди од мечот.

 

Треба да знаете
Последни објави