Венгер сака да и се врати на тренерската работа

Поранешниот предводник на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер изјави дека би сакал да се врати на активната тренерска работа. Францускиот стучњак, седумдесетгодишниот Венгер беше на клупата кај „топчиите“ од 1996 до 2018 година.

– Не се согласувам со фактот дека никогаш повеќе не можам да бидам тренер. Отворен сум за предлози. Сакам уште еднаш да ги почувствувам овие емоции на натпреварите, изјави Венгер за „Скај спортс”.

Под водство на Венгер, Арсенал три пати ја освои шампионската титула во Премиерлигата во Англија, седум пати победи во ФА купот и Супер купот.

Треба да знаете
Последни објави