(Видео) Кралицата на тетоважите потрошила 26.000 долари за да изгледа како змеј

Инстаграм-атракцијата Амбер Лук (24) привлекува големо внимание со своите многубројни тетоважи. Речиси секој дел од нејзиното тело е покриен со мастило, поради што ја следат 124 000 луѓе на социјалната мрежа.

Според странските медиуми, Амбер потрошила 26.000 долари за тетоважи.

„Сакам да бидам целосно покриена со тетоважи додека да наполнам 25 години“, вели Амбер, која започнала да се тетовира на 14 години.

„Кога наполнив 16 години, сфатив дека тоа е начин да ја извлечам целата негативна енергија од мене“, рече таа.

Амбер отиде дотаму што ги истетовирала образите, ушите, очните капаци, челото …

Таа се нарече себеси „Blue Eyes White Dragon“ затоа што белката од окото ја бојадиса во сина боја.

„Постапката траеше 40 минути. Беше многу интензивно и болно. Очите ми беа отворени цело време додека инјектирав боја со инјекција. Четири инјектирања во око. Три недели бев слепа “, објасни во една пригода Амбер.

Треба да знаете
Последни објави