(Вoзнемирувачко видео) Четири години од смртта на сириското момче Ајлан

На плажата во Бодрум беше одбележана четвртата годишнина од трагичната смрт на момчето Ајлан Курди така што учесниците на настанот го напишаа неговото име со цвеќиња.

Покрај многубројни граѓани, на одбележувањето на годишнината од смртта на Ајлан присуствуваа и режисерот Омер Сарикај и продуцентот Бахатин Озтурк на филмот „Бебето Ајлан“, инспириран од неговата трагична судбина, соопшти турски „Дејли сабах“.

Фотографијата на удавеното тригодишно сириско момче пронајдено на плажа во Бодрум на 2 септември 2015 година, откако се превртеле два чамци со бегалци, ја потресе Европа.

Тригодишниот Ајлан се удавил со својот постар брат и мајка.

Абдалах Курди, таткото на момчето, единствениот преживеан од несреќата, ги погреба своите синови еден покрај друг на „церемонијата на мачениците“ во Кобане, во близина на границата со Турција и порача дека се надева оти смртта на членовите на неговото семејство ќе ги поттикне арапските земји да им помогнат на сириските бегалци.

Треба да знаете
Последни објави