Кавадарци се подготвува за „Тиквешки гроздобер“ кој се одржи од 6 до 8 септември 2019 година. Општината за организација на оваа манифестација има обезбедно шест милиони денари и 4,5 милиони се очекуваат од донации. Кавадарчани очекуваат поголема посетеност од лани кога во градот на грозјето и винот пристигнаа околу 60.000 посетители. Домаќинот на гостите покрај дегустацијата на грозје како и добра храна им ветува и добра забава сите три дена. Во петок на градскиот плоштад ќе настапат 2 Бона. Сабота е резервирана за Антонија Гиговска и Јелена Розга, а недела за Здравко Чолиќ. Дополнително програмата ќе ја збогати и „Леб и сол“ кои се гости на манифестацијата. На сцена пак кај Спомен костурницата, ќе настапува диџеј Методи Христов.
На прес-конференција денеска градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев истакна дека очекува и годинава гроздоберот да помине без инциденти и без проблеми, како и минатогодишниот. Тој им се заблагодари на сите спонзори и упати покана за посета на Кавадарци до сите оние кои сакаат да бидат дел од настанот во чест на грозјето и виното.
Во карневалското дефиле во недела, како што најавија, ќе има учесници од земјава и странство, повеќе од лани. Околу сто луѓе се вклучени во делот на обезбедувањето на паркинг места, а пожарникарите ќе помагаат во делот на логистика. Сузана Андоноски шеф на Кабинетот на градоначалнико истакна дека ќе има дегустрација на храна и вино со староградска музика, трка на келнери, изложба на олдтајмери, таблијада, мото рели.