Во понеделникот вечерта во станбениот комплекс во Зеница се случи трагедија кога Наида Чичак (22) се самоубила активирајќи рачна граната.
Нејзините пријатели биле зачудени од веста дека ведрата девојка, која живеела сама како кираџика во станот, решила да крене рака за себе.
„На почетокот мислевме дека нешто се случило во Железарницата. Искрено, не ни помислував дека некој може да активира бомба во својот стан. Се слушна силна експлозија! Наскоро пристигна полицијата и пожарникарите, сфатив дека нешто се случило во нашиот влез“, изјави за „Дневни аваз“ сосетката на настраданата девојка.
Алдана Алиќ, портпаролка на ЗДК МУП, порано изјави дека сите докази досега укажуваат на тоа дека станува збор за самоубиство.
„Веројатно е рачна граната. Во таа пригода се случи смртта на зеничанката, која беше сама во станот“, вели таа.