Според владината програма за оружје, руското Министерство за одбрана ќе добие 423 хеликоптери, изјави министерот за одбрана Сергеј Шоjгу.
Шојгу прецизираше дека програмата предвидува руската армија во периодот 2018-2027 година да добие 423 напредни хеликоптери.
„Досега вооружените сили добија 112 хеликоптери, од кои 58 се испорачани пред предвидениот рок“, истакна Шојгу.
На списокот има 96 борбени хеликоптери „Ми-28НМ“, рече тој.
Тој додаде дека производителот на хеликоптери се согласил значително да ја намали цената.