Почитувани граѓани, во недела, со почеток во 11 часот, дојдете заедно да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Боите на независноста“, во Градскиот парк, пред Школка. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма, а ќе настапуваат Петко и 5+, Денсерс Јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ. Ќе бидат и поставени повеќе штандови, каде присутните ќе имаат можност да уживаат во традиционална храна од сите краеви на нашата земја, да учествуваат во спортски активности, да ги погледнат вештините на Армијата и полицијата, да го проверат своето здравје и да научат повеќе за заштитата на животната средина, напиша тој.