Комуникациски проекти и активности коишто треба да овозможат поефикасна комуникација со сите засегнати страни, креирање на доверба во општеството, елиминирање на некои стереотипи, се дел од темите кои се дискутирашe на денешната презентација на предлог-комуникациската стратегија на Клубот на пратенички во однос на родовата еднаквост.
– Клубот на пратенички како автентично институционално тело на Собранието кое ги обединува сите жени пратенички без оглед на нивната политичка припадност, одлучи да спроведе една активност за креирање на една комуникациска стратегија која треба да им ги одреди правците, начините и активностите за комуникација со целните групи, засегнатите страни од јавноста, пошироката јавност, вклучително и медиумите, но и останатите институции, со цел да се овозможи поефикасно спроведување на стратешките определби на Клубот кои се поврзани со осварувањето на на унапредувањето на родовата еднаквост, унапредувањето на положбата на жената во целото општество, истакна специјалистот за стратешки комуникации, Гоце Пачемски.
Тој рече дека во изминатите години во земјата е идентификуван напредок, но оти не е доволен.
– Во последниот извештај на Европската комисија, во делот на човековите права, каде што спаѓа родовата еднаквост идентификувано е дека земјата прави постојани напори и има наредоци, меѓутоа посебно упатуваат дека е потребна имплементацијата на законите и препораките на меѓународните организации. Имплементацијата не се одвива со она темпо кое е посакувано од сите нас и кое треба да овозможи позасилено унапредување на првата на жените и на нивната застапеност во местата каде што се донесуваат одлуките, дали е тоа Парламентот, локалната власт, другите облици на власта, па дури и во приватниот сектор. Се разбира и елиминирањето на родово базираната дискриминација, наведе Пачемски.
Потенцираше дека анализата на состојбата покажува оти за да ги оствари своите стратегиски цели, кои се јасно дефинирани во Стратешкиот план на Клубот на претенички на Собранието 2018-2020 година, Клубот треба да совлада големи предизвици, кои произлегуваат од реалната состојба со родовата еднаквост, како и со постоечките стереотипи околу местото и улогата на жената во нашето општество.
– Неопходно е Клубот да ги зајакне соствените капацитети и да обезбеди поефективна комуникација со сите свои членки, за да може дополнително да го зајакне единството, како еден од најсилните адути на пратеничките во осварување на нивната заедничка цел, преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и да се унапредат правата на жените во сите општествени сфери, што воедно е и основна мисија на Клубот, заклучи специјалистот за стратешки комуникации.