Лам го повлекува нацрт-законот за екстрадиција, кој ги предизвика протестите во Хонг Конг

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам свика за попладне состанок со прокинеските политичари, на кој официјално ќе најави повлекување на контроверзниот нацрт-закон за испорачување, поради кој дојде до повеќемесечни протести, објави британски „Индепендент”.

На попладневната средба, според весникот, таа ќе ги опише деталите за повлекување на нацрт-законот, како „гест со цел смирување на тензиите”.

Локалните медиуми, исто така, известуваат дека ќе дојде до повлекување на нацрт-законот, по што дојде до скок на акциите на берзата во Хонг Конг.

Канцеларијата на Лам не ги коментираше медиумските написи.

Контроверзниот нацрт-закон предвидуваше можност осомничени од Хонг Конг за судење да бидат екстрадирани во Кина. Законот за екстрадиција, со кој ќе се опфатеа седум милиони жители на Хонг Конг, како и странски и кинески државјани во градот, многумина го сметаат за закана за владеењето на правото во поранешната британска колонија.

Треба да знаете
Последни објави